Скопска зоолошка со изненадувања

Скопската зоолошка градина и долгогодишните соработници, но и нови се потрудија за своите посетители да ги збогатат едукативно-рекреативно забавните содржини и активности и во престојниот период, кој ке се одржуваат во Едукативниот центар 2.

Дел од нив се „Поточиња“ наши пријатели, добро познати на децата и родителите, кои музички го збогатуваа амбиентот на ЗОО фестивалот кој во серијал од 16 епизоди се одржуваше во зоолошката. Дружењето со нив посетителите ќе може да го планираат во период од 13.30 часот до 14.30  почнувајќи оваа недела (15-ти ноември ,потоа 22 –ри ноември, 29-ти ноември и 06 декември).

Во периодот од 11-13 часот посетителите ќе можат да ги проследат предавањата кои ќе ги држат стручни лица од Здружението за класична хомеопатија ,,Деница,, и тоа: првото оваа недела 15-ти ноември ,,Општо за хомеопатија,,а во некои од наредните викенди продолжуваме со „Хомеопатија при грип и настинки“, „Прва помош со хомеопатија“ и „Хомеопатија при терапија на животни“.

ЗОО Скопје со Креативен центар „Ѕвезда“ КАТ Продукција Скопје ,пред се на помладите посетители им нуди интерактивно да се вклучат во отворените часови на Драмското и Арт студио oд 11 до 13 часот во Едукативниот центар 2 на 28 ноември /сабота и 29 ноември /недела.

 Следниот викенд во сабота (12 декември) вo 14.30 премиерно ќе биде прикажана интересна и интерактивна детска претставата „ЗОО АВТОБУС“.

Потоа во недела (13 декември) во 11 часот следи Работилница за дизајн и изработка на облека за миленичиња.

Овогодишното дружење на децата и ЗОО Скопје  и  КЦ „Ѕвезда“ ќе заврши со новогодишна претстава „Мачорот во чизми“ во 12 часот во сабота 26 ноември.

- Реклама -