Арапската Опра – Од „кафезот“ на Садам, до малите екрани

Животнoто патување на Зајнеб Салби е долго и чудно.

Родена во Ирак, писателката и активистка е израсната во блиско опкркужување на Садам Хусеин. Таа е ќерка на приватниот пилот на диктаторот, а денес – четвртина век подоцна, е на пат да се претвори во Опра Винфри на Арапскиот свет.

„Сакам да ги извадам луѓето од зоната на удобност и да ги охрабрам да бидат чесни, да немаат инхибиции за време на разговор”, вели 46-годишната Салби која штотуку ја започна првата сезона на Nida’a (“The Calling “) – неделно ток-шоу, со претензии да го промени арапското општество, особено што се однесува до жените во него.

Програмата се емитува во 22 муслимански земји на Блискиот Исток и Северна Африка, во партнерство со Discovery и TLC Арабија.

„Во културна смисла ние сме многу конзервативни и резервирани, а кога една арапска жена ќе проговори во сопствената земја, се плаши од прогон, “објаснува Салби.

618x345

„Сакам луѓето да зборуваат слободно и од срце, а не од политичка гледна точка. Ова е шоу каде што можете да зборувате за транссексуални прашања или сексуални проблеми, без да се плашите дека ќе ве осудат или покажуваат со прст”, вели Салби.

Во првата сезона на програмата гостуваат луѓе како Бил Клинтон, Џина Дејвис и самата Опра Винфри. Во 10-те епизоди присуствуваат исто марокански мајки кои сакаат да ги заштитат своите ќерки од практиката на женското обрежување, татко од Ирак кој го спасил 21-членото семејство од “Исламска држава”, но ја изгуби 4-годишна ќерка.

Проблематични се прашањата поврзани со сексуалното ропство на Блискиот Исток, меѓу другите посериозни теми. Салби поканува и арапски личности, модни дизајнери, поп-ѕвезди, кулинарски мајстори. Во момент кога големи територии од муслиманскиот свет се вклучени во смртоносните конфликти и хаосот, делумно запалени од факелот на исламскиот фундаментализам, тешко е да се замисли шоуто Nida’a. Салби која е израсната во духот на верските традиции, признава дека сликата на исламот во САД ја загрижува.

Таа е особено загрижена поради изјавите на водечки републикански кандидати како Доналд Трамп и Бен Карсон (кој неодамна изјави дека еден муслиман никогаш не треба да биде претседател).

618x345 (1)

„Чувствувам дека сме заглавени во еден многу маѓепсан круг. Ако сте Американец, кој се плаши од исламот, вие сте пристрасни. Токму тоа ги натера луѓето кои едно време беа “нормални”, да се приклучуваат кон екстремистички организации, како одговор на предрасудите, со кои се соочуваат “, вели арапската ТВ ѕвезда.

Таа е категорична дека расистичките изјави само го охрабруваат фундаментализмот. Терористичките активностите на мал дел од муслиманите е како да се зборува за христијанството до Кју Клукс Клан, додава таа.

Салби тврди дека не сака да се претвора во медиумска икона. Таа е цврсто убедена дека секој има право на мислење и глас, како и на своја вистина. Иако не сака да биде новата Опра, еден од продуцентите на Салби работел токму со американската ТВ легенда.

Винфри даде опширно интервју за Nida’a на 24 октомври, во кое раскажа како на 9-годишна возраст била силувана од свој роднина. Таа призна дека родила на 14-годишна возраст, но нејзиното дете починало. Дружењата меѓу Опра и Зајнеб се неизбежни – еден од основачите на MTV – Том Фрестон кој работи со Винфри на каналот OWN, e советник и пријател на нејзината арапска колешка.

„Таа ме потсетува на Опра. Таа е борец – жена која ги наведува вистинските проблеми. Се обидува внимателно да ги еманципира жените во арапскиот свет. Таа е борец со нежна душа и големо срце “, вели Фрестон за Зајнеб.

Иракчанката може да се пофали и со други влијателни и познати пријатели – Анџелина Џоли, Дона Карен, Бил и Хилари Клинтон, чија претседателска кампања ја поддржувала откако станала американски државјанин во 1996 година.

“Ќе биде одлично за Америка и за светот – и особено за жените – ако таа победи “, вели Салби.

На 23-годишна возраст Салби основа хуманитарна организација заедно со нејзиниот втор сопруг – адвокат од палестинско-американско потекло, кој во моментов зазема висока позиција во “Ал Џезира”. Организацијата им помага на жените во воените зони во светот. Изморена и емоционално исцедена по 18 години работа во оваа насока, Зајнеб ја напушта во 2011 година, набргу откако се разведува од нејзиниот сопруг. Двајцата се разделиле држејќи се за раце, а ноќта пред да ги потпишат документите за развод си размениле подароци, раскажува таа. Првиот нејзиното брак сепак не завршува така дипломатски. Во своите мемоари “Between Two Worlds-Escape from Tyranny: Growing Up in the Shadow of Saddam” Салби раскажува дека имала 19 години, кога нејзината мајка дури не се обидела да ја спаси од Садам Хусеин, кој ја омажил насила за 32-годишен Ирачанец во Чикаго. Диктаторот редовно присуствувал на состаноци на жени со проблеми, преправен како доктор. Ако некоја му се чинела привлечна, д-р Садам ја носел во друга соба, пишува во книгата на Салби. Престојот на Зајнеб во Чикаго се покажал како бегство, полошо од сегашноста. Поради договорениот брак таа во текот на 9 години била разделена со родителите и двајцата браќа. Салби раскажува дека била силувана на свадбената ноќ, а потоа преживеала 3 месеци насилство. Салби ги обвинува најблиските дека ја предале. Нејзината мајка умира на 52 години во 1999 година. Непосредно пред нејзината смрт двете со Зајнеб се смириле. Младата иракчанка излегла од бракот со 400 долари во џебот. Таа завршила во Вашингтон, каде што пронашла утеха и пријателство во локалната црква. Работела на својата самодоверба, која сосема ја загубила.

Салби раскажува дека нејзиното семејство имало висок општествен статус, но зависно од каприците на чудовиштето Садам Хусеин – сите нејзини блиски биле под негова контрола, а нивната куќа се прислушувала. Зајнеб брзо научила да се смее кога Садам се насмевнувал, да плаче кога тој бил тажен, и никогаш да не го погледнува во очи. Раскажува исто така, дека нејзината мајка се обидела да се самоубие, за да се спаси од теророт.

618x345 (2)

Според Салби атмосферата била толку неподнослива што изгледало како да има истекување на гас во нивниот дом и сите умираат полека и болно, што се случувало и со целиот народ.

Сепак, иракчанката вели дека потоа жалела кога тој бил погубен. На длабоко интимен начин тој е сеништето од нејзиното детство.

„Тој ја претставуваше мојата темна страна. Лесно е да демонизираш некого кого не го познаваш. Тој беше диктатор и нема оправдување за тоа. Поради него се плашев од власта”, признава Салби. Но сега таа има власт и е цврсто решена да ја искористи за добро, точно толку убедливо како што Садам ја користеше својата.

- Реклама -