Франција е виновна за наталитетот на Кина

Кина е најголемиот угнетувачки пример на влада, која го регулираше бројот на населението со националната децениска политика на “едното дете”.

Најпосле, минатата недела се промени законот во Кина, а со најновите измени на Кинезите им е дозволено да го прошират семејството до две деца.

Идејата сепак потекнува од Франција кон крајот на XIX век. Потоа идејата била доразвиена во средината на XX од страна на научници во САД, кои помогнале за создавање на услови за страв од пренатрупаност поради кој кинеските лидери го прифатиле драстичниот пристап.

618x346

Така тврди Николас Еберстад, економист и демограф во American Enterprise Institute, кој бил меѓу првите критичари на политиката на Кина.

“Современата политика за регулација на населението всушност произлегува век пред овој ужасен кинески експеримент”, вели Еберстад. “На крајот на XIX век, француската влада и општеството се свесни дека рамнотежата на моќта се менува во Европа со подемот на Германија и залезот на Франција.” Оваа промена е особено видлива на демографски план, додава тој, колку што населението на Франција е намалено, толку Германија бележи бум на наталитетот.

“Француската влада сакаше да направи нешто за да се поттикне раѓањето на повеќе француски бебиња”, вели тој. Тие измислија серија од скромни финансиски бонуси за семејствата кои имаат деца, како и ПР кампања, која ќе го “нагласи” значењето на француското семејство.

Како политика таа не била особено ефикасна, коментира тој, но последиците биле сериозни: “Со ова се менуваат основите на современата демографска политика.”

По Втората светска војна, акцентот на демографијата се менува од премалку бебиња до стравувања од премногу деца – особено во сиромашните држави.

Многу од овие идеи потекнуваат од САД

Во 1968 година професорот од Универзитетот Стенфорд, Пол Ерлих го објавува бестселерот The Population Bomb, во кој предупредува дека пренатрупаните земји наскоро ќе доведат до масовен глад. Кон 1977 година Роберт Мекнамара – поранешен министер за одбрана на САД, во овој момент станал претседател на Светската банка – објавува дека најбрзиот раст на населението би можел да претставува толку голема закана за човештвото, како и нуклеарната војна.

Контролата на раѓањето се претвора во камен темелник на политиката за помош

 “Тогаш имаше луѓе кои тврдеа дека треба да ја концентрираме помошта на она што нарекуваа „помош за повредените“, кои можат да бидат спасени.”

“Овој начин на размислување доминираше во 70-тите години и токму во тоа време кинеските лидери размислуваа за новата демографска политика.”

Со други зборови, кога Кина најави во 1980 година, дека повеќето кинески семејства ќе имаат право само на едно дете – и ќе бидат казнети за прекршување на овој закон – “тоа ни најмалку не се случило во вакуум.”

Навистина, Кина дури не е првата држава, која експериментира со наметнување на контрола за намалување на бројот на населението.

На крајот на 70-тите години Индира Ганди, тогаш премиер на Индија, воведува програма, вклучувајќи присилна стерилизација на многу мажи и жени. Масовната реакција предизвикана од оваа програма не само што брзо доведува до нејзина ликвидација, туку и до падот на Ганди од премиерската функција.

Кинеските лидери не морале да се грижат за такви ограничувања. Според Еберстад кога била претставена политиката на “едно дете”, таа дури и не била пречекана со посебна меѓународна критика. “Програмата имаше многу поддржувачи на Запад”, вели тој. “Таа се сметаше не само како прифатливо, туку и како чекор во правилна насока.”

На пример во 1983 година, Фондот за население на ОН – водечката демографска агенција на ОН, ја удостојува кинеската програма со специјална награда.

Барем уште една држава го следи примерот на Кина: на крајот на 80-тите години Виетнам согледува слична политика – иако таа овозможува да имаат максимум две деца. Оваа политика останува делумно во сила дури и во моментов. Еберстад коментира дека има и докази дека Северна Кореја исто така го усвоила кинескиот модел, иако лидерите на земјата никогаш официјално не го признале тоа.

Дури кон крајот на 80-тите години балансот на меѓународното јавно мислење се сврте против политиката на едното дете и сродни нарушувања на човековите права – вклучувајќи принудни абортуси.

Во последните години идејата дека пренаселеноста претставува апокалиптична закана, исто е дискредитирана

Излегува дека производството на повеќе храна – а не намалување на бројот “гладни усти” – може да го реши проблемот со потенцијалниот глад.

Кинеските лидери го зголемуваат произвоството на храна и се наградени не само со економски раст, туку и со намалување на нивото на фертилност, кои како целина придружуваат таков раст. Тие сепак веруваат дека политиката на едното дете барем донекаде придонела за тоа.

Овој начин на размислување е очигледен во моментов, коментира тој. Кинеските лидери ја откажаа оваа политика делумно бидејќи се загрижени дека растот на населението на Кина е намалено до таква мера, што остануваат премалку полнолетни луѓе на работоспособна возраст кои ќе се грижат за постарите лица.

Истиот начин на размислување стои и зад сегашните програми за субвенционирање на наталитетот во земји од Сингапур до местото од каде што започна сè: Франција. Да, Французите се уште се занимаваат со ова прашање – и нудат финансиски стимулации со надеж да ги убедат семејствата да имаат повеќе деца, плашејќи се како и пред неколку децении, од намалениот наталитет.

„Додека има државници и политичари кои робуваат на идеологии, кои не се базираат на реални податоци и докажани резултати, ќе има и вакви политики”, коментира тој.

„За жал се плашам дека ќе бидеме сведоци на уште вакви случаи и во иднина.“

- Реклама -