Сан Антонио го бараат Бо Меккејлеб

НБА тимот на Сан Антонио спарс е сериозно заинтересиран да го ангажира Лестер Бо Меккејлеб во новата сезона од најквалитетната професионална кошаркарска лига во светот, информира специјализираниот кошаркарски сајт „Спортандо“.

Раководните луѓе на „Мамузите“ веќе контактирале со Монтепаски Сиена, но засега најголема пречка претставува оштетата од 1 милиони евра што треба да им се плати на „Банкарите“.

Сан Антонио Спарс нема солуција како да плати толкава отштета за да го добие извонредниот плејмејкер кој би требало да го менува Тони Паркер во одреден период од мечевите. Сепак, како што информира „Спортандо“, можно е Лестер Бо Меккејлеб самиот да си ја плати оштетата доколку реши да се врати дома во САД и да се испроба во најквалитетната лига во светот.

Во Европа, најблиску до ангажман на Меккејлеб се турскиот Фенербахче, како и Уникс Казан, клубови со големи буџети на кои нема да им претставува проблем да платат 1 милион евра оштета за да го донесат фантастичниот плејмејкер во своите редови.

- Реклама -