Зошто шахот е спорт, а бричот не е?

Британскиот висок суд донесе одлука која ги разочара сите љубители на најпознатата игра со карти – бричот не е спорт.

bridz

Англиското здружение на брич (ЕБУ) пред месец дена го тужеше високото спортско тело “Sport England”, бидејќи одби нивната игра да ја квалификува како спорт, наведувајќи дека тоа е „обична игра со карти“ која не претпочита никаква „физичка активност“.

Судијата Иан Дов го оправда тој став, истакнувајќи дека бричот е игра со карти. Во своето образложение тој нагласи дека спортскиот совет не го прекршил законот кога одбил  да ја заведе играта како спортска активност.

Адвокатите на ЕБУ го потсетија судот дека шахот е признаен како спорт од страна на Меѓународниот олимписки комитет.

ЕБУ веќе со години се борат нивната игра да се класификува како спорт. Неговите членови тврдат дека бричот, како и шахот се „игри за мозокот“, а самата игра има повеќе физички активности, отколку на пример, стрелаштвото.

- Реклама -