Го излекуваа од депресија: Мајмунот Коко се враќа во Скопје

Откако 6 години беше на ресоцијализација во Холандија, Шимпанзото Коко ќе се врати во Скопје, каде што треба да добие ново живеалиште согласно стандардите на Светската асоцијација за заштита на животните.

„Би било навистина неприфатливо на животно со толку развиен интелект, какво што е Коко, да не му обезбедиме исти услови во какви што тој живее денес – изјави за весникот „Вечер“ портпаролот на скопската Зоолошка градина“, Дане Кузмановски.

317144-koko-se-izlechi-od-depresija-i-se-vrakja-vo-makedonija_thumb_medium500_500

Новиот дом на Коко ќе има многу реквизити и ќе биде во форма на циркус.

Коко е роден во Скопската зоолошка градина пред 19 години. набргу по раѓањето мајка му починала од туберкулоза, а тој паднал во депресија и почнал да си ги кубе влакната и да се удира на шипките од кафезот.

- Реклама -