Природата завладеа со заборавената Фукушима

Минатиот месец полскиот фотограф Аркадиуш Подниесински ја посети 20-километарската забранета зона околу јапонската нуклеарна централа Фукушима.

Фотографиите делуваат како пост-апокалиптичен филм.

f1 f2 f3

„Причината за несреќата во Фукушима не e ниту земјотрес, ниту цунами, туку луѓето”, пишува Подниесински на својот веб-сајт, каде што детално го опишува неговиот проект.

f4

Тој се зафатил со оваа работа, за да може „сам да направи заклучоци за тоа што се случило, без влијание од медиумите, владината пропаганда или лобисти, кои се обидуваат да ги минимизираат последиците од катастрофата и да ги филтрираат информациите што достигнуваат до јавноста”.

f5 f6 f7

Неговите слики крај Фукушима го покажуваат она што се случува со една област во која луѓето одеднаш исчезнаа – и која природата постепено ја враќа кон себе.

Тоните радиоактивна почва веќе се обраснати со густа трева, а шумата ги прегрнува напуштените автомобили и домови.

f8

Областа е отцепена по несреќата од 2011 година, предизвикана од силен земјотрес, проследен со 15-метарски бран цунами. Потоа беа евакуирани 160 000 луѓе, а уште поголем дел од територијата околу нуклеарката се смета за премногу опасна за расчистување.

Сепак, 20 000 работници веќе работат на расчистување на улици и згради во неколкуте населени места околу Фукушима, што се сметаат за побезбедни.

f9

Враќањето на луѓето во регионот веќе започна. Жителите на најблискиот град до јапонската нуклеарна централа – Нара, се враќаат назад во своите домови, откако властите официјално објавија дека регионот повторно е погоден за живеење.

- Реклама -