Започна втората сезона од „Фарго“

Првата сезона на “Фарго”, дебитираше во април 2014.

FARGO -- Pictured: Billy Bob Thornton as Lorne Malvo -- CR: FX/Matthias Clamer

Иако првата сезона започна моќно, сепак серијата кон средината дозволи да се одолговлекува поради страничен заплет, додека Оливер Плат имаше само периферна врска со основната линија.

Сезоната во целина заврши успешно, но беше тешко да не се помисли дека дека ова е одлична приказна од шест епизоди, која неразумно ги влече настаните за да ги заокружи до 10.

Втората сезона на серијата, кој дебитираше во понеделникот има уште посилен старт. Кастингот е одличен, додека приказната е побогата и подобро испреплетена.

fargo

Нешто повеќе, за разлика од првата сезона, којa донекаде робува на големиот филм на браќа Коен што послужил како инспирација, овој пат креаторот на серијата Ноа Хевли си дал поголема слобода, а очигледно е посамоуверен и со црниот хумор.

Ако ви се допадна првиот дел, не ја пропшуштајте втората сезона чија што приказна се случува независно од она што претходно го видовме. Се надеваме дека ќе заврши онака како што почнува – импресивно!

 

- Реклама -