Сисе уапсен, го уценувал Валбуена со секс-снимка!

djibril-cisse-va-t-il-tenir-le-choc-dans

Поранешниот напаѓач на француската репрезентација и на бројни европски клубови утрово беше уапсен од страна на француската полиција поради уцена на својот некогашен колега Матје Валбуена.

Наводно, Жибрил Сисе поседувал секс-снимка на која главен актер е токму Матје Валбуена со која сакал, ни помалку ни повеќе да заработи пари од актуелниот француски репрезентативец.

Се случило тоа што Сисе најмалку го очекувал. Валбуена случајот го пријавил во полиција, а утрово Сисе бил уапсен. Најверојатно, во брзо време ќе биде пуштен на слобода, а судскиот процес против него се очекува да започне наредниот месец

 

- Реклама -