Сиријците ги повикуваат припадниците на ИД да се предадат: Русите се нивните јунаци!

Сиријците ги повикуваат припадниците на ИД да се предадат: Русите се нивните јунаци! Хеликоптери на сириското воено воздухопловство фрлаат „летки“ во кои ги повикуваат терористите да го предадат оружјето, а на цивилите да ги напуштат местата на кои наскоро ќе започне големата „чистка“ на сиријските сили.

vladimir-putin-foto-ap-1444010208-754873

Летките се расфрлани низ јужниот дел на провинцијата Хама по местата Рама и Талбиси.

На летките наменети за цивилите пишува, „На оние кои ги поседуваат овие летки им се дозволува потполно безбедно да ги прејдат контролните пунктови на сиријската армија. Војската ќе пружи медицинска помош и храна. Соработувајте со сиријската војска и напуштете ги борбените зони“.
На летоците кои се наменети за граѓаните кои застанале на страната на терористите пишува „Иднината е пред нас, имате можност да се вратите во прегратките на нашата татковина. Сè уште не е доцна да ја искористите оваа можност. Предајте го оружјето, како што го предадоа стотици други граѓани пред вас. Државата ќе се погрижи за вас и ќе го поздрави вашето враќање“.

Најавено е дека во четврток, сиријската војска ја припрема најголемата антитерористичка акција досега, а некои медиуми соопштуваат дека најголемата помош за ова да се оствари стигнува од Русија.

- Реклама -