Лековитите својства на дрвото од кое што тече „крв“

Pterocarpus angolensis е вид на тиково дрво, кое потекнува од Јужна Африка. Тоа е познато со многу имиња – Kiaat, Mukwa и Muninga, но најчесто го нарекуваат блад (крв) – поради карактеристичната темноцрвена боја која ја испушта.

Кога дрвото или негов огранок се пресекува, почнува да капе темноцрвена течност која има впечатлива сличност со крвта.

Црвениот сок од дрвото се користи традиционално како боја, а во некои области, помешано со животинска маст, за жал станува основа за козметички производи.

1(1482)

Исто така се верува дека тоа има магични својства и лекува проблеми со крвта. Дрвото се користи и за лекување на многу болести како рани, проблеми со очите, маларија, црна треска, стомачни проблеми, како и за зголемување на лактацијата кај доилките. Од овој вид тиково дрво се прави и квалитетен мебел. Тој е мек и прилагодлив за обработка, со тоа што се намалува многу малку при сушење.  Заедно со неговата голема цврстина, особено е погодно за изградба на чамци.

3(1441)

Поради големата вредност, која дрвото ја има за автономното население на Централна и Јужна Африка, неговото сечење е контролирано и е со сериозен пад во последните децении.

Дрвото расте во височина од 12 до 18 метри, има темно кафеава груба кора, убава круна и цвета со жолти бои.

fab_pterocarpus_angolensis_fl_gbaumann_1318_b2889f

- Реклама -