Челси Хендлер најпреплатена, Ештон Качер да бара покачување

Водителката Челси Хендлер со своето шоу Chelsea Lately е најпреплатеното ТВ-лице, а актерот Ештон Качер треба да побара дебело зголемување на својот хонорар, велат резултатите од студијата што ја спроведе The Los Angeles Times.

Истражувањето, всушност, ги дели хонорарите што познатите ТВ-лица ги добиваат за една емисија, со бројот на гледачите што емисијата ги привлекува, за на крајот да се добие паричната вредност што тие ја заработуваат за еден гледач. Хендлер, која заработува 12 милиони долари, во просек привлекува околу 718.000 гледачи, што изнесува околу 16,70 долари по гледач. Овој износ ја пласираше на првото место на листата со најпреплатени ТВ-лица.

Иако студијата не го зема предвид фактот дека некои водители снимаат по повеќе од 200 епизоди во годината, ниту значењето во привлекувањето на млада публика, како и фактот дека платите на ТВ-лицата не се официјални, туку станува збор за податоци собрани од агенции, сепак, дава интересен поглед на нелогичностите во телевизиската сфера.

Според резултатите, Челси, Дејвид Летерман и Андерсон Купер ја максимизираат персоналната добивка и се врбојуваат во преплатените ТВ-лица, додека ѕвездата на Jersey Shore, Никол Полизи – Снуки и Ештон Качер носат значително поголеми приходи за телевизиите кои ги имаат авторските права на нивните емисии, притоа заработувајќи помала сума по гледач.

Меѓутоа, додека Качер заработува само 1,16 долар по гледач, со неговата плата од дури 17 милиони долари, на крајот тој заработува по 1 милион долари за секоја епизода што трае само 24 минути. [The true worth of TV stars: $1 million per episode? Get Ashton Kutcher a raise!]

{youtube}F7BAx998Ck4{/youtube}

- Реклама -