Џеј Ло го покажа своето змиско тело во најкраток фустан до сега

Џенифер Лопез за секое свое појавување во јавноста внимателно планира како во секј момент да изгледа беспрекорно.

Кај оваа убавица грешките во „стајлингот“ не се дозволени и се труди нејзиниот изглед да биде беспрекорен од глава до пети.

Џенифер Лопез вечерта ја поминала на снимањето на популарното реално шоу „Американски идол“. За оваа прилика таа се одлучила за змиска кожа да го краси нејзиното тело од италијанскиот бренд Dsquared².

Таа го носела најкраткиот мини фустан со долги ракави и затворено деколте во сина боја, кој во прв план ги ставил нејзините цврсти, танчерски нозе. За овој ефект да биде уште посилен пејачката стилот го зачинила со чевли и чанта со идентичен дизајн.

Очигледно сакала да ги истакне своите нозе и тело, па и го постигната тоа во оваа комбинација покажувајќи го своето змиско тело.

- Реклама -