Секси татко- Има само 23 години и го освои светот

Наскоро ќе стане татко по втор пат и тврди дека е верен на својата девојка и дека само со неа има секс.
Ден Озборн учествувал во реалити програмата „The Only Way Is Essex“, а вниманието на светските медиуми ги привлекол затоа што има само 23 години, а веќе го чека своето второ дете кое се очекува да дојде во светот до Нова Година.

Освен што е млад татко, вниманието го привлекува и со своето мускулесто тело, со кое се пофалил на насловната на „Attitude“ магазинот, најпродаваното британсо месечно списание кое е наменето за геј популацијата.

Сепак, Ден не е хомосексуалец, односно веќе со години е во среќна врска со Џекуалин со која го очекува своето второ дете.

Иако е сметан за секс симобол, Ден во секое интервју истакнува колку ја цени верноста во врската.

– Не спијам со никој освен со мојата девојка, ни таа не спие со никој освен со мене- рекол Ден, пренесува Dnevnik.hr.

- Реклама -