Клуни и Амал се во брак само два месеца, а ова веќе им ја расипува брачната среќа

Џорџ Клуни (53) и Амал Аламудин (36) се во брак само два месеца, а на убавата адвокатка веќе ѝ сметаат навиките на Клуни, тврди извор кој сите „пикантности“ ги изјавил за „The National Enquirer”.
Поточно, Клуни обожава да јаде во кревет, а на неговата сопруга тоа многу ѝ смета.

– Како многу мажи, Клуни сака да јаде закуски во кревет, но на своите пријатели се жали дека Амал е згрозена од неговата навика за која вели дека е гадна- рекол извор и додал дека Клуни ги крие грицките во плакарче во бањата.

- Реклама -