Кој ќе пее на свадбата на Клуни? Откриени сите детали

По се изгледа дека Џорџ Клуни и Амал Аламудин подготвуваат свадба од прва класа, на која најверојатно ќе пее самиот Андреа Бочели .

На венчавката се поканети само 60 гости, соопштува „US Weekly”.

„Џорџ сакаше да присуствуваат само вистинските пријатели и семејството”, изјави извор за списанието, додавајќи дека меѓу нив се неговиот најдобар пријател Мет Дејмон и неговата сопруга Луси, како и Ренди Гербер и долгогодишна сопруга Синди Крафорд.

Се уште не е јасно дали на свадбата ќе присуствуваат младоженците Бред Пит и Анџелина Џоли. Прославата ќе започне на 26 септември со неформална вечера во хотелот Cipriani во Италија, каде што цените на собите  почнуваат од 1490 долари од вечер. Следното утро 53-годишниот Клуни и 36-годишна свршеница во формална облека ќе се насочат кон луксузниот хотел Aman Canal Grande Venice, каде ќе си кажат „да” во 11:00 часот.

„Сè е направено со класа”, изјави изворот,  откривајќи дека сестрата на Амал, Талат најверојатно ќе биде кума на двојката, а кум ќе биде пријателот на актерот, Ренди Гербер. Ќе има како италијански, така и либански јадења, бидејќи невестата е по потекло од Бејрут.

Забележливо е дека и покрај богатството на Клуни во вредност од 180 милиони долари, семејството на Амал презема огромен дел од трошоците за свадбата, додаде внатрешниот извор.

Фустанот на Амал изгледа ќе биде на модната марка „Александар Меквин”, истата марка одговорна за  свадбената тоалета на сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон.

Папараците ја фатија невестата како поминува час и половина во канцеларијата на брендот во Источен Лондон заедно со својата мајка – почитуваната новинарка Бери Аламудин.

- Реклама -