Скарлет Јохансон е бремена и ќе се мажи за еден месец!

Откако остана бремена, славната актерка избегнува јавни настани и ужива во мирните денови.

Странските медиуми пишуваат како убавата актерка Скарлет планира да се омажи за таткото на своето дете во август.

19 годишната актерка и 32 годишниот француски новинар Ромен Дауирац ќе се најдат пред олтарот пред да дојде на свет нивното дете.

New York Post пишува дека венчавката ќе се одржува четири дена, а забавата ја подготвува славната Марта Стјуарт на имотот Ист Хамптонс, каде се одмораат богатите и славните во Њујорк.

Парот е заедно од 2012 година, верени се десет месеци, а во меѓувреме дознаа дека го очекуваат своето прво дете.

- Реклама -