Дали е ова победничката песна на Евровизија? (ВИДЕО)

Арам МР3 ја претставува Ерменија на овогодишната Евровизија, која ќе се оддржи во мај во Копенхаген, а според рангирањето во обложувалниците, тој има и најголеми шанси за победа.
Обложувалниците балканските претставници ги ставиле под 25-тото место, а најголеми шанси за победа има претставникот на Ерменија, објавува Мондо.

За Црна Гора и Македонија обложувалниците не предвидуваат многу сјаен пласман. Сергеј Четковиќ со песната „Мој свет“ ќе биде, според „кладбата“ 26-ти по ред, додека Тијана Дапчевиќ со песната “To the sky” ќе биде две места под него, на 28-та позиција.

Арам МР3 е роден пред 29 години како Арам Саргсјан, се занимава со музија, глума и стенд-ап комедија. Ерменија е, инаку, до сега, најдобар пласман постигна во 2008 година, кога Сирушо на Евровизијата во Беглрад беше четврта.

- Реклама -