Откриено кој е новиот дечко на Хајди Клум

Светиските медиуми објавија дека старата љубов никогаш не умира… Хајди Клум се смири со поранешниот сопруг Сил.
Набрзо откога беше објавено дека манекенката и водителка Хајди Клум раскинала со Мартин Кристен, медиумите пишуваат за нејзиното наводно помирување со нејзиниот поранешен сопруг.

Парот од неодамна почнал да поминува повеќе време заедно, што беше доволна причина да почне да се шпекулира за разгорување на старите страсти кои згаснаа во 2012 година кога парот најави дека се разведува.

Неименуван извор близок на двојката вели дека Хајди и Сил почнале да поминуваат повеќе време со децата, што резултирало со обновување на нивните односи.

Хајди Клум и Сил се сметаа за еден од најхармоничните познати парови, па нивната разделба пред две години ја шокираше јавноста. Манекенката набрзо потоа почна да се забавува со нејзиниот телохранител, која пак од страна на Сил во неколку интервјуа беше наведен како “причина“ за нивниот развод.

- Реклама -