Хајди Клум чека петто дете со телохранителот?

Историјата се повторува, а ова не е прв пат манекенката да започне врска со личното обезбедување.Имено, германските медиуми шпекулираат дека четириесет годишната манекенка/презентер/водител чека дете и тоа со член на личното обезбедување.

Ова не е прв пат манекенката да започне врска со својот телохранител. Потсетуваме, откако се разведе со пејачот Сиел, кој според гласнините ја изневерувал, Хајди пронајде утеха во прегратките на својот телохранител Мартин Кристен. Тие  се во врска веќе една година.

Гласнините за бременоста ги покрена поранешниот личен тренер на Хајди, кој додаде дека таа и понатаму редовно вежба, иако не толку интензивно како порано.

 

- Реклама -