Двојна должност. Дечкото на Хајди Клум сè уште и е телохранител

Мускулестиот дечко на Хајди Клум, Мартин Кристен, е еден од ретките луѓе кои за својата работа можат да кажат дека им претставува задоволство.

Имено, во петокот тој ја штитеше својата девојка и и го „чистеше патот“ од насобраната толпа на аеродромот во Лос Анџелес, Калифорнија.

Двојката се враќаше од заедничкиот краток одмор на Хаваи, каде воедно Хајди работеше и на снимањето на новата сезона на „Germany’s Next Top Model“.

- Реклама -