Жена за пример: Вака Николина Пишек му честиташе роденден на сопругот

Телевизиската водителка моментално е на годишен одмор со сопругот Видое и ќерката Уна Софија во Дубровник.
Оддалеченоста од дома, како од Белград така и од Загрем, не ја спречи ТВ водителката на својот сопруг да му подготви изненадување за неговиот роденден, кој беше овој викенд.

Поточно, во еден познат ресторан во Дубровник за време на вечера за двајца, „непланирано“ се појавија музичари кои се доближија на нивната маса и почнаа да ја свират песната „At last” од Ета Џејмс, на која Николина и Видое го имаа својот прв свадбен танц во септември 2013 година во Монте Карло.

nikolina-pisek-revelin-02

Видое, иако изненаден, како и повеќето присутни гости кои не знаеја што се случува, се снајде и ја покани Николина на танц, а потоа Николина придружена од музичарите ја отпеа „Happy birthday”, а потоа следеше торта и дување на роденденските свеќи- пренесува Blic.rs.

- Реклама -