Голем концерт на Владо Јаневски, по осум години

После цели одум години, музичката ѕвезда Владо Јаневски ќе одржи голем концерт во Арена „Борис Трајковски“, на 3-ти април.

Откако македонската јавност со години се прашуваше зошто пејачот држи само мини концерти по локали за конкретни настани, конечно вест што ќе ги израдува фановите. Најпосле, ќе имаме можнот да уживаме во живо, со музиката на Владо Јаневски следниот месец.

Влезниците се продаваат во продажната мрежа на Мк Тикетс, односно сите продажни салони на One низ Македонија, југотон ГТЦ 1- кат, Универзална сала во Скопје и многу други продажни места.

Настанот ќе биде поддржан од „Министерство за култура“.

vlado

- Реклама -