Оливер Драгојевиќ: Би се изневерил себеси ако настапам во Србија

Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ во интервју за хрватските медиуми го повторил ставот дека тој нема намера да оди во Србија.

Во разговор со хрватскиот T portal, на прашањето дали сепак би запеал во Србија, со оглед на тоа што тамошната публика со голема желба го очекува и дека многумина го гледаат како идол, Оливер Драгојевиќ одговорил:

– Тоа веќе го реков и го сметам за завршена приказна. Не знам што треба да се случи за да го променал моето мислење. Едноставно, таму не ми се оди. А и сам себеси со тоа многу би се изневерил.

Во оваа прилика Оливер за својата верна публика од Србија им порачал:

– Знам дека тие доаѓаат на моите концерти надвор од Србија. Тие кои баш сакаат да ме чујат, ќе ме најдат.

Во истото интервју Оливер истакнал дека себеси не се смета за голема ѕвезда во Хрватска, но дека тој верува дека во таа земја тоа се Северина и Јелена Розга.

- Реклама -