Карлеуша навредува сè живо и диво кога ќе се спомне Дара

Вулгарно, банално, навредливо, уличарски…

Така пејачката одговара на новинарските прашања кои не ѝ се допаѓаат.

Естрадната војна помеѓу Дара Бубамара и Јелена Карлеуша трае долго време, а крајот не се гледа. Тие две не штедат на навредите упатени една на друга, а на прашањето зошто ЈК толку лошо зборува за колешката, Дара без двоумење одговара:

– Сите тие ликови кои не постојат никаде и кои денес на моја сметка се обидуваат да градат кариера нека се запрашат каде се. Ниту живеат како мене, ниту финансиски стојат како мене, ниту имаат семејство како мене, ниту син како мене, дури ни куче. Можат само да ми завидат. Моето куче е поубаво од Јелена Карлеуша. А да не зборам што ја боли. Ја болат чевлите и чантите, но мене тоа не ми е важно.Направив кариера исклучиво од песни и глас, сето останато материјално ми е неважно. Сите мои песни остануваат за наредните 20, 30 години, што на неа никогаш нема да ѝ тргне од рака. Несакам повеќе на никого да бидам Црвен крст и на моја сметка да се рекламира- рекла Дара за „Blic“.

Оваа изјава, исто така, била и активирање на необјаснетата лутина и вербално насилство на самопрогласената дива Јелена Карлеуша, која на повикот да ја коментира изјавата на Дара, очигледно неможејќи да смисли изјава достојна за „европска жена“ за каква се изјаснува, на сметка на новинарката изнела мноштво навреди и закани.

– Слушај ме ти, слушај ме. Немој никогаш повеќе да се за*беш да ми испратиш порака. Нема добро да поминеш, дали ти е јасно! Немој да не ти биде последно- викала Јелена во телефонската слушалка неколку минути, а потоа, во свој стил, ја прекинала врската.

Вакво необјасниво, но многу загрижувачко однесување на Карлеуша трае подолго време. Инаку, Јелена за себе сака да каже дека е „зрак светлина во селската Србија“.

- Реклама -