Жаре еден на еден: Девојките ми замеруваат дека подарувам многу накит

„Девојките ми замеруваат што претерувам со подарување накит, а пријателите упорно се жалат дека им ги снемува прстените од мајките секогаш кога ќе дојдам на гости“, вели Жаре во интервју за „Убавина и здравје“, каде зборува за македонската естрада, неговото шоу, девојките и љубовта.

Што има премногу, а што премалку на нашава естрада?

Премалку поддршка на нашите, македонските имиња, продукции, производи. Претерано многу увоз на квалитет кој во мал прст го имаат македонците ако им се овозможи барем мал дел од условите во кои работат северните и какви се не соседи кои царуваат и овде.

Кој е твојот адут кај девојките?

Имам еден другар со бесна кола и многу пари. Јас сум тој што седи позади него и намига како Златко Мојсовски.

Што најчесто ти замеруваат девојките, а што пријателите?

Девојките ми замеруваат што претерувам со подарување накит, а пријателите упорно се жалат дека им ги снемува прстените од мајките секогаш кога ќе дојдам на гости.

Девојките сакаат со срце, а момците?

Момците сакаат со скршено срце, зашто секој имал некоја која така го оставила (поени кај женскиот пол x100%).

Која светски позната лепотица била најчест гост во твоите соништа?

Ниеднаш не ми дошле, проклети да се! Додуша, еднаш Мерилин Монро ја сонував. Се сретнавме во Мекиците од Стража накај Охрид. Јас бев со синот, а таа ми рече да се најдеме во тоалетот. Малиот го оставив да го причуваат на каса, а Мерилин во машкото ве-це ми кажа дека ја местат да стане гувернер на Народна Банка и дека работата е 90% готова. Се разбудив зошто очигледно беше дека сонувам…

Каков си кога си вљубен?

На рипит ми оди “Ќе пијам, ќе лумпувам” од Гоце Арнаудов.

Целото интервју, можете да го прочитате ТУКА.

- Реклама -