Северина откри она што сите ги интересира!

Северина е дива за која мажите воздивнуваат, а жените ѝ завидуваат.

Многумина се прашуваат- постои ли некој посебен во нејзиниот живот?

Ако се суди според нејзините фотографии на Инстаграм, оваа пејачка со завидлива фигура и глас ужива во животот. Празниците ги поминала во друштво на синот Александар на скијање, а фановите се уште занесени од нејзиниот нов хит „Generale“.

Додека редовно секојдневно ги известува своите обожаватели од регионот и светот за своите активности, сите се прашуваат само едно- има ли Севе време за мажи?

Во едно интервју Северина открила дека моментално во животот има други грижи.

„Јас на никого не му се допаѓам, но моментално не сум во тоа расположение“, скромно одговорила пејачката.

Исто така, гордо изјавила дека секогаш себеси ќе се става на прво место и ќе се бори за своето.

„Никогаш никого не сум го испровоцирала прва, дури ни во училиште кога ме зезаа поради името Северина. Јас тогаш сакав да бидам Ивана, Тамара…“, објаснила таа.

- Реклама -