Тања Савиќ: Дома плачам, а на сцена блескам

Српската фолк пејачка признава дека нејзиниот брак е загрозен, но напоменува дека сепак не се разведува.
Тања Савиќ се извинува и поради војувањето со медиумите која го започна со изјавата дека новинарите „клечат пред неа додека ѝ бараат интервју“.

– Мојот брак моментално навистина страда поради мојата посветеност во шоу-програмата „Твоето лице звучи познато“, бидејќи речиси и не го гледам мажот и децата. Плачев поради конфликтот со новинарите. Решив да попуштам и да се смириме бидејќи немам сила за нови пресметки. Се согласувам и за тоа за мене ништо да не пишуваат, само да не пишуваат лаги и да ги ловат моите грешки- вели Тања.

Пејачката ослабела, но вели дека тоа не го постигнала со диета, туку „се стопила од грижи“.

– Ова е тежок период бидејќи немам приватен живот. Учествоот во шоуто ми дава самодоверба, а од друга страна многу ми недостига семејството- вели Савиќ.

- Реклама -