Македонска актерка може да биде новата Бонд девојка!

Македонската актерката, Јелена Јованова би можела да заигра во новиот филм за Џемс Бонд, пишува српскиот портал Blic.
Јелена (29) играше во филмот „Земја на крв и мед“ на Анџелина Џоли, а сега би можела да забележи уште поголем успех во кариерата, бидејќи влегла во вториот круг на кастингот за филмот за агентот 007, кој засега носи наслов „Бонд“.

-Дојдоа до мене преку кастинг менаџерката од Сараево – потврдила младата актерка и додала дека не идела на аудиција, туку е избрана врз основа на видео снимка.

Додава дека не е сигурна дали сепак ќе успее да заигра со Даниел Крег, бидејќи се уште не добила никакав повик или потврда од Лондон.

Таа моментно живее на релација Скопје -Загреб, каде што работи на серијата „Тајни“.

- Реклама -