Исповед Шабан Шаулиќ: Кесички дрога ми даваа како бакшиш по клубовите

Да се стане крал на народната музика, Шабан Шаулиќ морал да помине по трновит пат, а во интервју за „Alo!“ открива дека отсекогаш сакал да стане фудбалер, додека музиката му била попатно хони, од која денес живее.
Шаулиќ за прв пат ја отвара болната тема и зборува дека ни денес не може да си прости што не го погребал татко си поради турнејата во Австралија, додека исто така поради работа го порпуштил погребот на својот омилен вујко.

Кралот на народната музика слободни зборува на кој начин се сретнал со дрогата во својата кариера.

– Знаеја во тие фолкотеки да ми стават кесичка дрога како бакшиш, но тоа го приметував, па дискретно им велев „подобро земете го тоа што ми го ставивте во џебот, вие барем ќе го пробате, јас ќе го фрлам во WC школката“, иако ми објаснуваа дека тоа е чист прав. Голем противник сум на тоа, затоа што децата од таа работа немаат корист, уште и оние кои се боцкаат со игли, тоа се уште поголеми глупости. Пијаниот човек ќе се отрезни, а наркоманите можете да ги најдете метар под земја. Сум се уверил во тоа милион пати како моите колеги поради дрога и алкохол го губат гласот и ја уништуваат својата кариера, будалетини едни. За среќа, своите деца секогаш сум ги држел што подалеку од такви работи, само Михајло сега се прави „мангуп“, па ги пуши оние дебели цигари- пури. Тоа претпоставувам сега е некој тренд да биде виден во друштво, но не ги разбирам- рекол Шаулиќ.

- Реклама -