Таткото, синот и ехото

Татко и син оделе низ планината. Одеднаш момчето паднало, се повредило се извикало: „Оооооохххх!“

На свое огромно изненадување, слушнало глас од планината, кој му одговорил: “Оооооооохххххххх!” Збунето, момчето запрашало: „Кој си ти?“ И добило одговор „Кој си ти?“ Детето се налутило и помислило дека некој само кукавички ги повторува неговите зборови, па извикало. „Ти си кукавица“.

И тука, следувало истото како одговор.

Тогаш, во чудење момчето се свртело кон татка си: „Тато, што се случува?“ Таткото се насмевнал и рекол: „Синко, слушај.“ Потоа извикал: „Ти си шампион!“ И гласот одговорил: „Ти си шампион!“

Момчето се изненадило, но се уште ништо не му било јасно. Тогаш таткото му објаснил:

„Луѓето го нарекуваат ехо, но всушност тоа е животот. Тој ти враќа сè што ќе направиш или ќе кажеш. Нашиот живот е одраз на нашите активности. Ако сакаш на овој свет да има повеќе љубов, сакај повеќе. Ако сакаш, оние со кои што работиш, да знаат повеќе, самиот стекнувај повеќе знаење. Ова се однесува за сè. Животот секогаш ти го дава она што ти си му го дал. Тој не е низа од случајности, туку одраз на тебе самиот.“

365 Мисла на денот

- Реклама -