Неколку работи што Доналд Трамп ги кажа за косата

Доналд Трамп е секојдневно на вестите поради претседателската кампања во САД, но за време на дебатата меѓу кандидатите од Републиканската партија имаше едно прашање кое што не му беше поставено: Каква е оваа фризура? Специфичната боја на косата, фризурата и техниката на чешлање се предмет на многу прашања уште откако Трамп стапи во центарот на вниманието. Нему, сепак не му е проблем да ги сподели тајните за грижата која што ја вложува во неговата коса.

Од USA Today избраа неколку работи што тој ги кажа во текот на годините на оваа тема. Еве дел од нив:

„Сите знаат, но хејтерите и губитниците одбиваат да признаат дека не носам перика. Мојата коса можеби не е совршена, но е моја. “

Real estate developer Donald Trump sits at a desk in his office at the Trump Tower. --- Image by © Michael Brennan/CORBIS

„Веројатно би си ја чешлал косата наназад,” одговори Трамп на прашање како би ја променил фризурата, доколку биде избран за претседател. Зошто? „Бидејќи во моментов чешлањето е премногу тешко. Не би имал време за тоа, бидејќи ако сум во Белата куќа, ќе имам еден куп работа.”

„Не носам перика. Косата ми е 100% моја. Ниту едно животно не е повредено при создавањето на мојата фризура.”

„Наутро станувам, пуштам туш и си ја мијам косата. Потоа, додека го читам печатот и гледам вести на телевизија, косата полека ми се суши. Тоа трае околу час. Не користам фен. Откако косата ќе се исуши, ја чешлам. Откако ќе ми стане допадлива, иако на никој друг не му се допаѓа, ја попрскувам со лак и фризурата за денот е подготвена “, вели Трамп во интервју за Playboy.

trdo12

„Причината поради која што фризурата ми изгледа секогаш толку добро, е тоа што не се занимавам со природните сили. Живеам во зградата во која што работам. Се возам со лифт од спалната соба до мојата канцеларија. Останатото време сум или во мојата лимузина, во мојот приватен авион, во мојот хеликоптер или во приватниот клуб во моја сопственост, Палм Бич, Флорида. Ако пак сум надвор, најверојатно сум на некој од моите голф терени, каде преземам мерки така што носам капа. “

- Реклама -