Вака изгледа внатрешноста на јахта од 300 милиони долари

Луксузната јахта со кратко име “A” е во сопственост на рускиот милијардер Андреј Мeлниченко.

Дизајнер на јахтата е Филип Старк, а нејзината цена е 300 милиони долари, со што истата е дел од листите на најскапите јахти во светот.

Внатрешноста на јахтата која многумина ја дефинираат како воен брод или подморница беше мистерија се до појавувањето на ова видео.

Јахтата “A” располага со огледала, кои се распоредени буквално насекаде. Секоја од шесте кабини за гости е опремена со џакузи и огледала на ѕидовите, кои можат да издржат експлозија од граната.

Двата главни спасувачки чамци на јахтата се всушност две мини-јахти, секоја со должина од 10 метри и цена од 1.5 милиони долари.

Базени, дискотека, и уште многу луксуз. Сето тоа можете да го видите во видеото подолу:

- Реклама -