Девет изненадувачки научни факти за градите, кои веројатно не ги знаете

Како и да ги нарекувате, женските гради се нешто посебно, како за жените, така и за мажите.
Тие се дел од секундарните сексуални карактеристики кај женските индивидуи кои трпат промени во периодот на пубертетот.

Меѓутоа, постојат многу интересни факти за нив, кои што малкумина ги знаат.

Некои жени можат да доживеат оргазам преку стимулација на градите

Детално истражување на сексолози утврдува дека жените можат да доживеат оргазам само при стимулирање на градите. Тоа го тврдат Доријан и Маршал Милер во нивната книга I Love Female Orgasm: An Extraordinary Orgasm Guide; според нив, сличен феномен се случува кај 1 процент од дамите.

Градите не се сосема исти

Секој има асиметрични карактеристики – едната рака е малку подолга или пак едното стапало е пошироко. Градите не се исклучок и една студија покажува дека во принцип десната града е поголема од левата.

Градите можат да тежат и колку три цигли

Замислете дека секој ден треба да носите со вас три цигли, по што ќе спиете со нив врз вас. Просечниот градник одржува гради со тежина меѓу 0.2 кг. и 9 кг., што е горе-долу тежината на три цигли.

Ако ги сакате големи, веројатно не сте многу богати

Студија од 2013 година открива интересна зависност – мажите кои „немаат доволно материјални средства“ или не се со добро социо-економско потекло, преферираат жени со големи гради. Или со други зборови, колку посиромашен е мажот, толку повеќе цели кон богато деколте.

Секој се загледува во женски гради

Излегува дека како мажите, така и жените имаат навика да се загледаат во гради наместо во лице. Разликата е тоа што претставниците на посилниот пол го прават тоа почесто и подолго.

Брадавици – форми

Постојат различни типови на брадавици кои медицината ги дефинира како рамни, меки, свртени итн. И токму како што е и со  самите гради, брадавиците не се секогаш симетрични.

Трета брадавица

Да имаш трета брадавица на телото е редок феномен. Околу три проценти од луѓето имаат, со тоа што само во САД, бројката изнесува околу 200 000 луѓе.

Пушењето и бременоста ги „виснуваат“ градите

Во нашата кожа се наоѓа важен протеин со име еластин, кој и дава еластичен карактер на кожата. Ако пушите многу ќе ја оштетите и тоа води до „спуштање“ на градите. Секоја бременост по првата, го има истиот ефект.

Градите се изучуваат на универзитет

На Политехничкиот универзитет во Хонг Конг постои цел факултет посветен на градите и градниците. Тој е создаден од текстилната компанија Top Form.

- Реклама -