Компанијата, сон за секој вработен

Netflix ќе им предложи на своите вработени до 1 година породилно отсуство, објавија од компанијата.

Ова е многу дури и за стандардите на Силиконската долина, каде бесплатна храна и другите социјални бенефиции ги дополнуваат високите плати и се незаменлив дел од борбата за најдобрите и најталентираните вработени. За споредба Google, кој што е меѓу најдобрите работодавци во светот за последните години, им нуди на своите вработени до 18 недели породилно отсуство.

Родителите исто така ќе можат да земаат и до 12 недели отсуство за зближување со детето во првата година на бебето.

Истражувањата покажуваат дека луѓето работат подобро кога не се загрижени за својот дом. Минималната исплата на вработените во Netflix е 15 долари на час. Дел од вработените сепак добиваат и акции, чија што цена според податоците од вчера е 121.15 долари – 16 пати повеќе од пред 3 години.

Netflix е една од компаниите кои им нудат на вработените неограничен платен одмор секоја година. Единствениот услов е работата да е завршена и да не се одразува на отсуството.

САД и Папуа Нова Гвинеја се единствените држави во светот кои немаат закон кој што им гарантира на мајките платено отсуство за одгледување на децата.

- Реклама -