Јапонија праќа во вселената виски, тестира како му се менува вкусот

 Јапонската компанија Suntory – еден од најголемите производители на алкохолни пијалаци во Земјата на изгрејсонцето, има намера да испрати во Меѓународната вселенска станица три вида виски, од 10, 18 и 21 година.

Целта е да се провери како нулта гравитацијата влијае на вкусот. Производителите на виски сугерираат дека условите на одборот на МВС – бестежинска состојба и константна температура – може да создадат помек вкус на пијалокот. Кога вискито ќе се врати на Земјата, дегустаторите ќе одредат дали очекувањата се оправдани, а истовремено е предвидена и научна анализа.

Пијалоците треба да отстојат на МВС една година, а некои примероци и повеќе. Претставниците на компанијата Suntory тврдат дека немаат намера да ги користат “космичките” виски за комерцијални цели.

- Реклама -