Talisman: Новиот предводник на Renault

Денес Renault ја објави првата официјална информација за новиот предводник наречен Talisman. За време на официјалната презентација на автомобилот, Карлос Гон изјавил дека продолжуваат со обновувањето на своето портфолио.

За време на развојот на автомобилот, со поголемо внимание се земени основните стандарди за D-сегментот и идните сопственици на новиот автомобил ќе може да сметаат на високо ниво на удобност, квалитет на изработката, интегрираните технологии и целокупното задоволство од управувањето. Talisman ќе се нуди со индивидуализиран систем MultiSense кој ќе нуди различни режими на однесување, како на пример ќе ја менува работата на моторот, менувачот, суспензијата, осветлувањето во внатрешноста и друго. Во Renault Talisman ќе има избор помеѓу 2 бензински и три дизел модификации.

Светската премиера на Renault Talisman треба да се одржи во текот на меѓународниот саем во Франкфурт во септември, а до тогаш очекуваме дека ќе видиме и комби верзијата.

- Реклама -