10 примери за тоа како всушност изгледале историските личности

Сите имаме некаква замисла или буквално сме виделе слика, врз основа на која го имаме ликот на личности кои оставиле големи траги во историјата.

Сепак, засега сме немале можност да видиме неколку реконструкции на едно место, кои детално го опишуваат нивниот лик.

Истите, се направени врз база на истражување на останките, во поново време.

Што можеме да заклучиме? Дека фараонот не е толку прекрасен како во учебниците, туку зад големата титула се крие слаб и болен човек, додека големиот Никола Коперник имал строг лик, што влева голема стравопочит -веројатно поради големиот нос и малите усни.

Еве ги резултатите:

Тутанкамон

Фараонот кој владеел со Египет во 1332-1323 години пред нашата ера.

Научниците веруваат дека Тутанкамон страдал од генетски болести и маларија, која веројатно довела до почетокот на неговата смрт: Фараонот починал на 19-годишна возраст.

Нефертити

Во 2003 година, мумијата KV35YL беше идентификувана како Нефертити – Големата Кралска Сопруга (или главна придружничка/сопруга) на египетскиот фараон Акенатен/Акенатон/Ехнатон. Таа била мајка или маштеа на фараонот Тутанкамон. Ова е нејзината реконструкција.

Данте Алигиери

Лицето на големиот италијански поет Данте Алигиери 13-14 век, беше реконструирано во 2007 година.

Вилијам Шекспир

Англискиот поет и драмски писател, доби изненадувачки лик, доста спротивен на она што ние го имавме како визуелизација.

Апостол Павле

Свети Павле живеел во 5-67 години на нашата ера. Во 2009 година, за прв пат во историјата на научна студија беше пронајдена гробница, под олтарот на бразилскиот Храм на Свети Павле.

Остатоците најверојатно му припаѓале на Апостолот.

Свети Никола

Во христијанството, Николај Мирликиски е почитуван како чудотворец и се смета за светец-заштитник на морнарите, трговците и децата.

Хенри IV

Се верува дека овој лик му припаѓал на Хенри IV (Хенри на Навара) – Кралот на Франција, кој беше убиен од еден католички фанатик во 1610 година. Реконструкцијата била извршена  во 2010 година од страна на група на научници предводени од Филип Чарлиер.

Кралот Ричард III

Остатоците беа откриени во есента, 2012 година, под паркинг во Лестер.

Јохан Себастијан Бах

Лицето на големиот германски композитор кој живеел во 18-тиот век, беше реконструирано во 2008 година, од страна на шкотскиот антрополог Каролина Вилкинсон.

Никола Коперник

Остатоците од средновековниот научник Никола Коперник беа пронајдени во катедралата Frombork (денешна Полска) во 2005 година. Реконструкцијата беше направена во Варшава, во лабораторијата за криминологија.

- Реклама -