Кралот со 100 сопруги

Абумби Втори, 11-тиот по ред крал на Бафут во Камерун, има речиси 100 сопруги.

 Имено, според локалната традиција, кога кралот умира неговиот наследник ги наследува сите негови сопруги, по што има право да се жени и со други жени.

„Кралицата има голема улога во кралството,” забележува принцот Никсон, исто од Бафут, додавајќи дека од жените зад кралот зависи неговата кралска улога.

29B3899800000578-3128404-image-m-19_1434556426754
„Зад секој успешен маж стои многу поуспешна и верна жена”, вели третата жена на Абумби – кралица Констанца.

Во однос на кралот, постарите жени ја пренесуваат традицијата на помладите и ги учат како да допрат до него, уште додека е принц.  И покрај фактот што полигамијата е легална во Камерун, податоците покажуваат дека во денешно време на африканскиот континент има многу помалку полигамни бракови. Полигамијата се судира со променливите ставови, ширењето на Христијанската вера, атрактивноста на западниот начин на живот, но и со зголемувањето на трошоците на тоа да имаш големо семејство. На позадината на сето тоа, традиционалните владетели на Камерун треба да се движат меѓу две често противречни култури.

„За време на колонијализмот дојдоа други вредности, различни од нашите традиционални и од таа причина има постојан конфликт меѓу традиционалните вредности и модерните западни вредности”, признава Абумби Втори, кој управува со Бафут од 47 години.

29B387D700000578-3128404-image-a-11_1434556395120

Иако полигамијата често се дочекува критично од страна на Западот, постојат луѓе кои ја сметаат за вредна традиција. Откако се среќава со Абумби Втори, Сони Мету, водител на Inside Africa на CNN, забележува дека во оваа традиција има многу повеќе работи отколку што еден човек гледа:

„Разбирам дека можеби избрзуваме да судиме за начинот на живот на кралевите, но исто како и во Велика Британија, африканските кралства и кралеви се ограничени од богатата култура и историја. Практиките како наследувањето на сите сопруги на твојот татко, не е ништо повеќе од морална обврска. “

Таа, исто така, забележува дека овие монарси се добро квалификувани. За средбата со кралиците на кралот на Бабунго,  Ндофуа Зофија Втори,  Мету вели:

„Сите негови сопруги кои тој ги добива по традиција, зборуваа во франкофонскиот регион и имаа одлични маркетинг вештини.” Токму оваа противречност го прави животот во кралството шармантен и збунувачки.

29B3882E00000578-3128404-image-a-22_1434556442152

- Реклама -