Како да го заштитиме смартфонот од вируси

Смартфоните се веќе незаменлив дел од нашето секојдневие.

За жал, сепак често забораваме дека и тие (а не само компјутерите) можат да кријат ризик за безбедноста и приватниот живот. Телефоните исто така може да бидат заразени со вируси. Иако има поголема веројатност таквите да влијаат врз Android уредите, инфекцијата е целосно можна и на iOS уреди. Сајтот Mashable претставува сè што треба да знаеме за вирусите кај телефоните.

Што е малициозен софтвер?

По дефиниција, злонамерниот софтвер е софтвер создаден со цел да му наштети или да го забрани користењето на Вашиот уред. Вирусите технички се подмножество на злонамерниот софтвер кои работат преку инфекција на веќе постоечките датотеки. Персоналните компјутери се вообичаени цели на напади со малициозен софтвер, но во последниве години смартфоните исто така го привлекуваат вниманието на хакерите, бидејќи тие содржат многу повеќе информации за нас, отколку што компјутерите некогаш имале.

Вашиот паметен телефон е ризница на лични информации – лозинки за електронска пошта, имињата и броевите на најблиските пријатели и семејство, фотографии, локација… Што се случува ако оваа информација падне во рацете на хакер? Едно е сигурно, последиците ќе бидат многу сериозни за вас.

Како да дознаеме дали смартфонот ни е ‘заразен’?

Ако Вашата телефонска сметка е невообичаено голема и многу разговори прекинуваат по средината, тогаш вашиот Android уред може да е заразен со малициозен софтвер. Малициозниот софтвер за Android се открива потешко од страна на просечниот корисник на смартфони, кој засега обрнува премногу малку внимание на безбедноста. За среќа, повеќето креатори на малициозен софтвер не се вселенски инженери, па и корисниците не треба да бидат компјутерски научници, за да се борат со нив.

smartphone-virus-malware-examples

Како да го отстраниме злонамерниот софтвер?

Ако сте сопственик на iOS уред мора да ги вратите фабричките поставки и потоа повторно да ги инсталирате апликациите од кои имате потреба од App Store. Android корисниците имаат можност да пронајдат антивирусни апликации. Овие апликации се обично целосно сигурни и можат да го отстранат секој вирус.

Како да ги заштитиме своите мобилни уреди?

Сигурно знаете дека не е добро да инсталирате апликации од непознати и непроверени извори. Ако не сте целосно сигурни во она што го инсталирате на уредите, не го правете тоа. Не посетувајте сајтови со лоша репутација и такви кои  вознемируваат со pop-up прозорци, во обид да ви натераат да направите погрешен чекор. Ако сакате дополнителна безбедност, сепак, размислете да инсталирате апликации за безбедност како Malwarebytes или Avast.

- Реклама -