Интересни историски факти

Историски фактиСите ние сакаме факти, особено историски факти, и факти за кои не сме знаеле. Кој бил првиот египетски фараон, која била првата жена полицаец? На оваа листа има неколку интересни историски факти, кои можеби и не сте ги знаеле.

Сите ние сакаме факти, особено историски факти, и факти за кои не сме знаеле. Кој бил првиот египетски фараон, која била првата жена полицаец? На оваа листа има неколку интересни историски факти, кои можеби и не сте ги знаеле.

Интересни факти1. За време на Првата Династија во стариот Египет, слугите и смејството на фараонот биле затварани во гробницата на умрениот владетел. Луѓето и животните требало да му помагаат на кралот во неговиот задгробен живот.

2. Во 1911 година во Кина биле забранети одредени фризури бидејќи потсетувале на нејзиното феудално минато.

3. За да не мораат да пловат спротивно од текот на реката, трговците во Месопотамија во бродовите носеле и по едно магаре. Тие пловеле до својата дестинација, го продавале бродот и потоа го јавале магарето назад до дома.

4. Во стариот Рим, казната за убиство на сопствениот татко била давење во вреќа заедно со змија, куче и петел.

5. Александар Македонски измисли техника за шпионирање која се користи и денес: тој ги охрабрувал неговите војници да пишуваат писма до дома, а потоа ги пресретнувал писмата за да прочита кој му мисли лошо.

Историски факти6. Првата жена полицаец во светот била Алис Стебинс Велс (на сликата) која станала член на полицијата на Лос Анџелес во 1910 година. Бидејќи била првата и единствена жена полицаец, таа си ја дизајнирала сопствената униформа. Четири години подоцна и Британија назначила жена полицаец.

7. Последниот коњички напад бил во Втората Светска Војна. Монголиска коњичка единица од советската армија нападнала германска пешадиска дивизија. Резулататот? Ниту еден германец не бил повреден, а сите 2000 монголци биле убиени.

8. Првиот пат кога бил употребен анестетик за време на пораѓање во 1847 година, мајката била толку изненадена од отсуството на болка што дете го крстила Анестезија.

9. Околу 3100-3050 пред новата ера, во Египет владеел првиот Фараон – Кралот Менес. Наводно тој бил првиот човек владетел на египет, наследник на богот Хорус.

- Реклама -