Најголемите гумени бонбони во светот (видеа)

Giant gummiesГумените бонбони можеби не се баш најздравата храна која постои. Но многу луѓе ги сакаат бидејќи ги потсетуваат на нивното детство или пак едноставно им се допаѓа вкусот. Но, како и сè друго во светот, и производството на гумени бонбони се придржува до мотото: „Поголемо е подобро“.

Гумените бонбони можеби не се баш најздравата храна која постои. Но многу луѓе ги сакаат бидејќи ги потсетуваат на нивното детство или пак едноставно им се допаѓа вкусот. Но, како и сè друго во светот, и производството на гумени бонбони се придржува до мотото: „Поголемо е подобро“.

Џиновско гумено мече на стапче
Giant Gummies

Џиновското гумено мече на стапче е претставник на највкусниот тип на слатки создадени од човекот. Изработено во САД, Џиновското мече е 88 пати поголемо од стандардните гумени мечиња. Секое Џиновско гумено мече тежи 240 грама и благодарејќи на стапчето е едноставно за конзумирање. [GGB]

{youtube}x9ghz27jrCU{/youtube}
Најголемиот гумен црв
Giant Gummies

Најголемиот гумен црв во светот е 128 пати поголем од традиционалните гумени црви. Со должина од 66 сантиметри и тежина од околу 1,4 килограми, Најголемиот гумен црв ги претставува највкусните 4000 калории во светот.

{youtube}7RXmNRr8x7I{/youtube}

Секој примерок има два вкусови, ребресто тело и обем од 12,7 сантиметри. Црвот е одличен подарок бидејќи има долг рок на траење. [WLGW]

Најголемотo гумено мече
Giant Gummies

Најголемотo Гумено Мече е лавот во светот на слатките. Не постои повеличествена или помоќна бонбона во светот. Овој ѕвер од 2,3 килограми е еквивалентен на 1400 нормални гумени мечиња, и „тежи“ неверојатни 12600 калории.

{youtube}HBa458RoLpw{/youtube}

Монструозната големина нема негативно влијание на вкусот, Најголемото гумено мече е вкусно како и неговите минијатурни братучеди. [WLGB]

{youtube}cqOSNzxo7Mo{/youtube}
- Реклама -