5 видови отровна храна кoја сепак ја конзумираме

отровна хранаНекои јадења се забранети во повеќе ресторани, најчесто оброци кои потекнуваат од отровни животни кои мораат да бидат подготвени на специфичен начин ако сакате да останете живи. Но, ова не ги спречува луѓето да играат руски рулет со својата вечера.

Некои јадења се забранети во повеќе ресторани, најчесто оброци кои потекнуваат од отровни животни кои мораат да бидат подготвени на специфичен начин ако сакате да останете живи. Но, ова не ги спречува луѓето да играат руски рулет со својата вечера.

Фугу риба
отровна храна

Поради некоја причина, природата решила дека оваа риба има потреба од сериозна заштита. Но, тоа што целото тело на рибата е прекриено со игли, не било доволно. Затоа, ова животно е вториот најотровен ’рбетник на Земјата, покрај сите змии, рептили и клунарот (ако не сте знаеле, клунарот се штити со отров). Единствениот ’рбетник кој е поотровен од оваа риба е Златната отровна жаба, која амазонските племиња ја користат за правење отровни стрели.

Но, и покрај сево ова, некои азиски земји ја сметаат рибата за деликатес. Трикот е во тоа што месото на рибата е безопасно, бидејќи отровот се наоѓа само во очите, кожата и внатрешните органи. Со други зборови: во рацете на готвач експерт, оваа риба е безопасен и многу вкусен оброк, но само едно невнимателно засекување и ќе уживате во парализирачка кома која ќе ве убие за неколку минути. И најважно: само неколку милиграми од отровот се доволни за да убијат возрасен маж.

За подобра перспектива, 60 проценти од луѓето кои ја конзумираат оваа риба умираат од токсините. Најчесто причината не е рибата, туку другите делови од оброкот кои дошле во контакт со отровот. Рибата е толку отровна што за готвач да добие дозвола да ја приготвува прво мора да тренира две до три години, а потоа да помине испит во кој треба да го изеде оборкот кој го приготвил. Ова значи дека подготвувањето за овој испит во јапонските училишта за кулинарство е една од најстресните работи на Земјава. Оваа риба е единствената храна која Имепраторот на Јапонија никогаш не смее да ја јаде, заради неговата лична безбедност. [Извор]

Компири
отровна храна

Една од најосновните состојки во секој вкусен оброк во цела Европа и (благодарение на измислувањето на процесот на пржење) убедливо омилената храна во Америка се компирите. Но, компирот всушност е отровно растение. Ние не ни размислуваме за ова бидејќи отровот не се наоѓа во делот кој го јадеме. Она што е опасно кај компирот се листовите, стеблото и плодот, значи сè освен корењата кои ги користиме како храна. Звучи логично, ако сте растение тогаш најверојатно би сакале да ги заштите оние ваши делови кои се над земја, и се плен на тревопасните животни.

Токсичноста на компирите е предизвикана од присуството на глукоалкалоиди кои, ако се конзумираат во умерени количини (ако изедете неколку листови), ќе предизвика само главоболка и болки во стомакот. Но, во големи количини отровот може да предизвика кома и смрт. Според докторот Даглас Холт, специјалист за безбедност на храната од Универзитетот во Мизури, вакво нешто последен пат се случило пред повеќе од 50 години, и иако сите конзумираме мали количини глукоалкалоиди, тоа не е ништо сериозно. Со други зборови: слободно порачајте помфрит, поголеми се шансите дека ќе имате проблеми поради мрснотијата отколку поради отровот. [Извор]

Абсинт
отровна храна

Овој пијалак порано бил екстремно популарен кај француските боеми во деветнаесеттиот век, па најверојатно сте го виделе во некој филм. Најчесто е светло зелена течност која предизвикува халуцинации. Причината порад која пијалакот предизвикува халуцинации е бидејќи една од состојките може да биде опасен отров. Не, не е алкохолот. Пелинот, познат како Artemisia Absinthium (потеклото на името на пијалокот) е медицинско растение. Кога е подготвено на правилен начин, тоа им дава многу пријатен вкус на пијалаците и се користи за подобрување на циркулацијата.

За жал, кога ќе се измеша погрешно или во неправилни дози, пелинот може да стане сериозен отров и има неколку забележани случаи во кои домашно подготвен абсинт убил или сериозно повредил многу луѓе. Пијалакот и неговите халуциногените ефекти биле сметани за толку сериозни што тој бил забранет во повеќето земји во светот во периодот околу Првата светска војна. Да, токму така, во периодот кога кока колата сè уште содржела кокаин и пијавиците биле користени во медицината, луѓето решиле дека абсинтот е премногу опасен.

Бадеми
отровна храна

Најверојатно сте јаделе бадеми во последниве неколку дена и бидејќи очигледно сте сè уште живи, не е можно бадемите да содржат отров. Нели? Дрвјата ги заштитуваат сопственото семе, со ставање цијанид во неговиот состав.

Отровот се наоѓа само во одреден вид бадеми, поточно „горчливите“ бадеми, кои се пошироки и покуси од благите бадеми. Иако секој од горчливите бадеми содржи само мало количество цијанид, доволно се опасни што во САД е забрането продавање необработени бадеми, туку мора да бидат испечени за да се уништат бактериите и да се неутрализира отровот.

Додека сме кај отровно семе… Во смртоносните семиња се и семките од јаболка, цреши и кајсии, кои содржат некое соединение на цијанид. Но, нема потреба да престанете да јадете овошје, отровните соединенија се присутни во мала количина, па би требало да изедете голем број семки за да имате проблем. [Извор]

Морско оревче
отровна храна

Многу работи биле речени за морското оревче и некои луѓе дури го препорачуваат како алтернатива за лесни опојни дроги. Дури и Малком Х препорачува пиење морско оревче растворено во вода како алтернатива за алкохол. Но, иако комерцијално достапното морското оревче е безопасено, конзумирањето на необработено морско оревче може да предизвика халуцинации, па дури и смрт.

Да, дозата потребна за ова да се случи е многу поголема од она што го ставате во тортите: потребни се 10 грама морско оревче за да почне да ви се врти. Сепак,  во последниве години биле забележани два смртни случаи предизвикани од прекумерни количини: 8 годишно дете и 55 годишен човек. [Извор]

- Реклама -