Крајот на светот одложен по 2012

МаиСите оние што со нетрпение и огромна сигурност го чекаа крајот на светот на 21 декември 2012, ќе мора да се задоволат со некој нов бесмислен датум на кој ќе го трошат своето време. Научниците заклучија дека методот според кој датумите од мајанскиот календар биле претворени во грегоријанскиот бил погрешен. Поради тоа „судниот ден“ е промашен за 50 до 100 години.

Сите оние што со нетрпение и огромна сигурност го чекаа крајот на светот на 21 декември 2012, ќе мора да се задоволат со некој нов бесмислен датум на кој ќе го трошат своето време. Научниците заклучија дека методот според кој датумите од мајанскиот календар биле претворени во грегоријанскиот бил погрешен. Поради тоа „судниот ден“ е промашен за 50 до 100 години.

МаиДолгиот мајански календар завршува на одреден датум, исто како што нашиот, грегоријански календар завршува со 31 декември. Тогаш е симболичниот крај на светот, кога започнува нов циклус, со старите маки. Но, некои луѓе одбраа да го гледаат крајот на еден древен календар како посочување на крајот на светот. Но, сите оние кои целосно се посветија на овој величествен крај, сега ќе бидат страшно разочарани.

Конверзијата на датумите од мајанскиот во грегоријанскиот календар била направена по погрешен метод. Во едно поглавје од новата книга „Календари и години 2: Астрономијата и времето во античките и средновековните времиња“ се критикува начинот на кој е извршено целото претворање. Резултат на погрешниот метод е промашување на крајот на долгиот мајански календар со 50, а можеби и 100 години. Според тоа, „судниот ден“ можеби ќе се случи по долги години, а можеби е веќе случен и ние живееме во „новиот почеток“. [End of the Earth Postponed]

- Реклама -