Секс вештините според хороскопскиот знак

Астрологијата може да предвиди и какви љубовници сте во кревет, соодветно со вашиот хороскопски знак. Затоа, ако сакате да дознаете каков е тој во кревет, доволно е да знаете што е во хороскоп.

Овен

Припадниците на знакот Овен одлично се бакнуваат. Сакаат да имаат контрола и многу лесно се возбудуваат. Нетрпеливи се, понекогаш себични во сексот и тоа може да предизвика проблеми во врската. Но ако знаете како да ги возбудите, ниту еден друг љубовник нема да ви пружи постраствени моменти од Овенот.

За да го заведете овој знак, не треба да се срамите. Покажете му дека сте интелегентна личност, и бидете спонтани, бидејќи ништо не го воздбудува Овенот повеќе од непредвидливоста.

Бик

Ова е најмаженствениот знак од сите, а и најдобриот љубовник. Апетитот за интимност кај Бикот е огромен, а сексот за него е како уживањето во добра храна – треба да потрае долго. За да го заведете Бикот подарувајте му многу подароци.

Близнаци

Ако сакате паметни луѓе, Близнаците се знак за вас. За да направите нешто со Близнак, мора да бидете интелегентни и досетливи. Тие се господари на флертот и може многу лесно да паднете на нивниот шарм.

Менталниот капацитет ги прави исклучително креативни љубовници, па така никогаш нема да ви биде здодевно со нив. Осигурајте се дека и вие нема да им станете здодевни на нив, бидејќи постојано бараат промени и возбудувања.

За да заведете Близнаци, делете им комплименти и фокусирајте се на нивниот ум. Побарајте совети од нив и не заборавајте да ја предизвикувате нивната интелегенција.

Рак

Ова е најемотивниот и најчувствителниот знак. Раковите имаат потреба од меки и нежни допири и длабока емоцинална поврзаност, како и партнер кој води грижа за нив и кој секогаш прави добри дела. Тие се слатки и грижливи љубовници, но ако ја изневерите нивната доверба, ќе направат се да за ви се одмаздат.

За да заведете Рак, фокусирајте се на романтична атмосфера и чувствителноста. Тие уживаат некој да се грижи за нив.

Лав

За многумина, овој знак е најдобриот љубовник. Лавовите се многу страстни и имаат огромна сексуална самодоверба и моќ. Секогаш преземаат контрола во креветот и испробуваат различни сексуални задоволства.

Константно ги осипуваат нивните партнери со подароци и внимание. Заведувањето на Лавот е многу едноставно – тие имаат потреба од констатно внимание.

Девица

Ако сте подготвена некому да му станете едиственото нешто во животот, ниту еден друг љубовник нема ви го овозможи тоа како Девицата. Тие изгледаат ладно и смирено, но се многу чувствителни. Сепак, за многумина не се идеалниот знак за најдобар љубовник. Девиците стануваат опседнати со една личнност и се вљубуваат доживотно.

За да заведете Девица, бидете колку што можете почисти и средени. Ова им е навистина важно.

Вага

Како личности кои сакаат да задоволуваат други, Вагите се многу внимателни и посветени љубовници. Тие се многу романтични, но бидете трпеливи со нив и пробајте да ги исполните нивните фантазии. Бидејќи флертот за нив е природна работа, сакаат многу да експериментираат во креветот.

За да заведете Вага, овозможете и класична романтична приказна. Мора да бидете софистицирани, учтиви и претпазливи. Бидејќи и самите се привлечни, мора да им покажете дека може и вие да бидете привлечни и дека имате свој стил.

Скорпија

Скорпијата е најсексуалниот знак. За многу луѓе Скорпијата е дефинитивно најдобриот љубовник од сите останати знаци. Тие имаат магнетна, неодолива личност во физичка смисла, но може да изгледаат емоционално недостапни.

Да заведете Скорпија е исклучително тешко, бидејќи со нивниот неодолив шарм и манипулативна моќ, тие се оние кои најчесто заведуваат.

Стрелец

Овој знак е детинест и расположен за игра, но како љубовник може да биде многу креативен. Тие остануваат секогаш млади во срцето, па затоа се отворени за разни експерименти во креветот. Немаат моќ да задржат врска, па затоа ако барате одлична авантура, ова може да биде виситнскиот знак за вас.

За да заведете Стрелец, фокусирајте на нивната половина и на бутовите бидејќи обожават таму да бидат допирани. Имајте лабав пристап кон животот и одлична смисла за хумор и тие веднаш ќе паднат во ваши раце.

Јарец

Јарецот е многу резервиран и треба да биде навистина заљубен за да се впушти во физичка интимност. Јарците често не се отворени за нови експерименти, но вистински плус за вас е што се стабилни и лојално партнери за цел живот.
За да заведете Јарец, трудете се многу, а напредувајте бавно. Фокусирајте се на мали кратки допири и погледи и не им давајте се наеднаш.

Водолија

Овој знак ве сака поради вашето тело и навистина не се грижи дали кога имате секс сте во врска или не. Тие сакаат луди физички авантури и непредвидливи романси. Тие исто така се сметаат за едни од подобрите љубовници во зодијакот. За да ги заведете, бидете недостапни.

Риби

Рибите нудат емотивна врска полна со задоволства и романса. Тие се навистина опуштени и сакаат смирен, среќен партнер. Откако ќе најдат ваков тип на партнер, тие со задоволство ќе ги решаваат сите караници и несогласувања со одличен секс.
За да ги заведет, бидете агресивни. Тие се по природа мрзливи и не сакаат многу игри, па затоа ќе мора се сами да смислите нешто интересно.

- Реклама -