Пазарувале во трговски центар, па неочекувано им паднало нешто од таванот

На огромно изненадување на присутните во трговскиот центар во Кина, низ таванот паднала свиња, која создала масовна паника помеѓу купувачите.

Таа успеала да направи дупка низ таванот на детската продавница во Хонг Конг.

Нема податоци за тоа како животното успеало да влезе во магацинот на продавницата, но истото успеало да излезе спектакуларно од таму, пробивајќи дупка во таванот пред запрепастениот поглед на посетителите.

Откако животното пропаднало во детскиот магазин, се создала масовна паника.

Животното е женско, тежи околу 25 килограми и долго е околу еден метар. Би-Би-Си пренесува дека свињата во моемнтов се наоѓа на безбедно место.

- Реклама -