Една од првите реклами на Балканот – 1926 година

Денешните реклами се брзи, бучни, кратки, полни со звуци и бои.

Но, не било отсекогаш така. Не би верувале, но ова е една од првите реклами од Кралството на Србите Хрватите и Словенците снимена во 1926 година во Белград. Се работи за рекламирање на забната паста Калодонт.

Рекламата, која е снимена како нем филм, трае неверојатни седум минути и 42 секунди. Во центарот на приказната е Наталија, кралица на плажата, секогаш опкружена од мажи и Милица, која е секогаш сама, а не знае зошто е тоа така. Затоа, одлулува да побара совет од Наталија, која, норлано и открива дека се се крие во забната паста. Рекламата е снимена во Белград.

Погледнете како изгледале рекламите пред 89 години.

- Реклама -