Црта пениси околу дупките по улиците за да ги натера властите да ги поправат

Како редовни страдалници од дупките по улиците, веќе знаеме дека граѓанските петиции и притисоци врз градските власти ретко вродуваат со плод. Можеби е време за поинаков пристап? Можеби е време за цртање пениси?

Баш тоа е одговорот на еден мистериозен уличен артист од Бури, Британија, кои се потпишува со прекарот *anksy. Улогата што сам си ја доделил подразбира одење од дупка до дупка и цртање на огромен пенис околу неа. Секој нормален би го осудил ваквото однесување како невкусно, незрело и глупаво, но чекајте, не судете пребрзо… Се чини дека рецептот на *anksy успева. Властите релативно брзо го пополнија најголемиот дел од нарцтаните дупки.

„Сакав да привлечам внимание кон дупките по улиците и да го направам тоа на начин кој ќе се памети. Се покажа дека ништо не е поефикасно од џиновски комичен фалус. Само сакам да ги насмеам луѓето и да привлечам внимание кон проблемот“, вели анонимниот јунак.

Се разбира, локалните власти не се среќни. Портпаролот на градскиот совет ја опиша ваквата акција како „глупава и навредителна кон жителите“ (ви рековме?).

„Секое пени што мораме да го потрошиме чистејќи го графитот е пени што инаку би го потрошиле токму на поправањето на дупките“, велат од советот. Но, вистината е дека ако не беше *anksy, ни пара немаше да биде потрошена кон таа цел. Доказ за тоа се и дупките што сé уште зјаат празни, и покрај тоа што до нив сé уште стои нацртан пенис.

Патем, сакате да се кладиме на чија страна се локалните жители?

- Реклама -