Барате добро платена работа? Распишан конкурс во град опседнат со духови

Се бараат работници кои за добра плата, бесплатно сместување и храна ќе работат во Гарнет – градот со проколнато минато кој се уште го опседнуваат духовите.

Малото градче во Монтана во 1860 година го основале рудари кои во неговата околина барале злато и сребро. Меѓутоа, по големиот пожар во 1912 година Гарнет станал град на духови.

Денес градот е реставриран, но со една маана – нема жители. Урбаната легенда вели дека го опседнуваат духови на поранешните станари.

Сега американската Служба за управување со земјиштето сака градчето да го претвори во туристичка атракција, па нуди бесплатнахрана, сместување и работа на туристички работиник за сите кои се подготвени да живеат во Гарнет.

Кога огласите за работа биле објавени во локалната печатница никој не можел ниту да претпостави каква ќе биде реакцијата на јавноста. Откако приказната станала јавна, била споделена 32.000 пати на Фејсбук, а Службата за управување со земјиштето била затрупана со телефонски повици и имејлови.

Интересно е тоа што на овие огласи се јавиле повеќе луѓе од светот отколку од Америка. Најмногу луѓе аплицирале од Кина, Германија и Јужноафриканската република.

Портпаролката на Службата рекла дека конкурсот сега е затворен, поради големиот одѕив, но не појаснила дали сите работни места се пополнети.

Меѓутоа, ако и се верува на Елени Баумлер, која себеси се смета за стручњак за натприродно, духовите на Гарнет не го напуштиле „својот“ град.

– Доцна во ноќта, аветите од Гарнет излегуваат на месечината. Понекогаш се слуша клавир од кафаната „Келеј“ (Kelley) бидејќи таму духовите и уживаат во музиката, но во моментот кога жива личност ќе ја допре зградата – звукот престанува – опишала Баумлер.

- Реклама -