84-годишна баба одби милион долари, па и изградија трговски центар околу куќата

Во 2006-та година, група бизнисмени одлучи да игради трговски центар во Сиетел, Вашингтон, на местото каде се наоѓала куќата на Едит Мејсфилд, но таа никако не се откажувала од нејзиното земјиште. Иако и биле понудени милион долари, таа ја одбила нивната понуда, по што ги принудила да го направат трговскиот центар на тој начин што ќе го заобиколува само нејзиниот дом (фотографијата говори сама).

Откако вестите за нејзиното спротиставување се проширија глобално, нејзината куќа прерасна во симбол на борбата против капитализмот, па дури и претставуваа инспирација за филмот „Up“, во кој Pixar ја моделираше куќата според онаа на Мејсфилд.

Во 2008-та година Едит починала, и ја оставила нејзината куќа во наследство на Бери Мартин, шефот при конструирањето на трговскиот центар. Тие двајцата се спријателиле при процесот на убедување и изградба, па тој бил постојано околу неа, помагајќи и во последните денови од нејзиниот живот. После нејзината смрт, Мартин добил идеја да ја претвори куќата во своевиден музеј.

Сепак, со оглед на големите даноци, Мартин немал друг избор освен по кратко време да ја даде куќата на аукција. Но, 300.000 долари камата кои доаѓале заедно со цената од 170.000 долари предизвикале да не се пријави ниту еден инвеститор. Така, во март 2015 година куќата била повторно ставена на пазарот без бараните даноци, со што се очекува да се продаде на оној кој ќе понуди највисока цена.

- Реклама -